Во Киев се отвора метох на светогорскиот манастир Св. Пантелејмон (23.07.2012 17:45)
Во Киев се возобновува дејноста на метохот на светогорскиот манатир Св. Пантелејмон, познат како руски манастир на Света Гора, во моментов населен од руски и украински монаси. Решението за отворањето на метохот е едно од најважните во последните седници на Светиот Синод на Киевската Православна Црква. Метохот ќе функционира во гратскиот храм Св. Михаил – посветен на првиот Киевски Митрополит.
Молба до Киевскиот Митрополит Владимир за отворањето на метохот, на 28 март, испратил игуменот на манастирот архимандрит Еремија, со молба да се благослови преродбата на дејноста на манастирскиот метох, која е прекината во 1923 г.
Со благослов од Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил е донесена одлуката да се отвори метохот. Во правна, економска и административна смисла метохот ќе биде под раководство на Киевската Митрополија. Игуменот на метохот ќе биде предложен од светогорскиот манастир Св. Пантелејмон и ќе се потврди од Киевската Митрополија. Клирот во метохот, исто така, ќе биде под јурисдикција на Киевската Митрополија.
Манастирот Св. Пантелејмон има метоси во Истанбул, Москва и Санкт Петербург. Зборот метох означува имот (дел) од поголем манастир. Дури за време на советскиот режим Московската Патријаршија почна да го користи тој термин за своите претставништва во бившите комунистички земји, но и до денес основното значење на зборот метох е истото.
Извор: Двери.бг