Патријархот Кирил е убеден дека духовната состојба на човекот зависи од неговата подготвеност да му помага на ближниот
 
 
 
 
 

Патријархот Кирил е убеден дека духовната состојба на човекот зависи од неговата подготвеност да му помага на ближниот (25.07.2012 13:27)

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил изјави дека показател на духовноста кај човекот е неговата способност да покаже солидарност кон оние кои страдаат и имаат потреба од помош.

„Во секојдневниот живот ние често ги игнорираме добрите односи со луѓето кои нѐ опкружуваат, ние неретко поминуваме низ конфликти и таги. Но кога настапува проблем заради нашето однесување, ја добиваме сликата на нашата внатрешна духовна состојба“, рече Патријархот Кирил во своето Слово во црквата Архангел Михаил во Кримск.

„Црквата преку своите пастири од првата минута учествуваше во спасувањето на луѓето и надминувањето на последиците од оваа катастрофа“, додаде тој.

Според словото на Поглаварот на Руската Православна Црква, доброволниот израз на солидарност кон оние кои страдаат е вистински христијански одговор на тагата и страдањето.

„Верувам дека Господ, на сите кои учествуваа во ова, сите кои постадаа од стихијата, ќе им врати стократно“, рече Патријархот.

Патријархот Кирил благослови да се состави список (поменик) со имињата на сите жртви од трагедијата, така што Црквата ќе може да ги споменува во молитвите за пострданите во оваа катастрофа.

„Јас ќе го поттикнам духовништвото на градот Кримск секогаш во своите молитви да ги спомнува загинатите“, изјави Патријархот.

„Да се помолиме, преку овие тестови, сите ние да станеме духовно и морално посилни, и преку сопствениот опит, да бидеме свесни дека со подавањето рака за помош на другиот човек, во неговиот живот правиме добро“, истакна Патријархот Кирил.

                                                             *               *               *

Исто така, за да ја зголеми утехата, тој додаде дека верниците се должни да гледаат на страдањата и смртта низ призмата на вечниот живот и дека без вера болката и радоста на овој свет ја губат својата смисла.

„Верните луѓе сфаќаат дека Божјата промисла е добра и совршена. Сепак, тешко е да се зборува пред лицето кое страда. Ние со својот човечки ум не можеме да проникнеме во тоа таинство, за нас се непознати Божјите патишта. Но, ние знаеме само едно нешто – дека човековиот живот не завршува со физичката смрт на неговото тело, Бог постапува со нас според Својата волја, која се однесува на земниот живот, и на вечноста.“

„А ако ја нема вечноста, сѐ е бесмислено – и животот, и смртта, и радоста, и страдањето – се губи смислата на сѐ, сѐ станува еден вид на лудило, во однос на привремениот земен живот на човекот“, додаде тој.

Според словото на Поглаварот на Руската Православна Црква, христијанинот е повикан да гледа и на радостите, и на тагите од перспектива на вечниот живот, да сфати дека тие состојби еднаш ќе завршат.

„Смртта не е апсолутна појава, која го уништува човечкиот живот. И тоа е нашиот одговор на страдањата, смислата на она што е толку тешко да се разбере“, истакна Патријархот.

„Господ да ни помогне и по неколку години, кога ќе избледат чувствата и кога ќе се надживее ова, во своите срца и молитви да го сочуваме споменот за починатите и за живите“, заклучи Патријархот Кирил.

 

Извор: Православие.ру