Во еден од московските храмови се отвори советодавен центар за зависниците од дроги и алкохол (27.07.2012 08:21)
При храмот посветен на преподобна Ефросинија Московска во Котловка започна со работа советодавниот центар за зависници од дроги и алкохол, соопшти прес-службата на Московската епархија. Исто така, за совети во оваа служба можат да се јават и луѓе со други форми на психолошки зависности.
Советите ги даваат парохјани од храмот, коишто поминале специјални подготвителни курсеви за работа со зависници, а исто така, се стекнале и со неопходна пракса во Градската болница бр. 17.
Исто така, во работата на советодавниот центар учествуваат и свештенослужителите од храмот, коишто духовно ги поткрепуваат тие кои решиле да се борат со своите душевни и физички болести.
Извор: Православие.ру