Грузиската Православна Црква има најголема доверба од јавноста
 
 
 
 
 

Грузиската Православна Црква има најголема доверба од јавноста (28.07.2012 21:29)

Податоците од социолошкото истражување во Грузија, со најголема доверба меѓу државните, политичките и јавните институции, објавени на 24 јули, одат во полза на Грузиската Православна Црква. Во неа имаат доверба 94% од грузијците, соопштува „Грузия он лайн“, цитирана од Благовест-инфо.

Во анкетата второ место по популарност зазема армијата, на којашто ѝ веруваат 89% од анкетираните, на третото место е полицијата со 88%. На претседателската институција ѝ веруваат 69% од грузијците, а на владата 66%.

За споредба, според социолошкото истражување направено кај нас на почетокот од годината, со доверба во Бугарската Православна Црква се изјасниле 34,7% од анкетираните бугари. Со најголема доверба се истакнуваат претседателската институција и полицијата. После Црквата следуваат армијата, владата и парламентот.

 

Извор: Двери.бг