Синот на премиерот на Кенија го прими Православието
 
 
 
 
 

Синот на премиерот на Кенија го прими Православието (30.07.2012 17:41)

Митрополитот Кенијски Макариј ја изврши Светата Тајна Крштение над најстариот син на премиерот на Кенија Раил Одинге, Фидел Кастро Одинге, кој беше придружуван од својата идна сопруга Лвам Гетачу Бекеле.

После неопходната катихизација, Митрополитот го изврши Крштението во крстилницата на Православното патријаршиско училиште „Архиепископ Макариј III Кипарски“, давајќи му ново име Макариј. Покрај него, беа крстени уште 22 лица.

Во саботата, на 28 јули, Неговото Високопреосвештенство ги венча Макариј и Лвам во патријаршиската Соборна црква посветена на светите бесребреници во Најроби.

 

 

Извор: Светигора