Во Грузија за децата со посебни потреби беше организиран „Манастирски ден“
 
 
 
 
 

Во Грузија за децата со посебни потреби беше организиран „Манастирски ден“ (02.08.2012 21:21)

На 1 август, во рамките на програмата „Инклузивно образование: конгнитивни и едукативни програми за адолесценти“, машкиот манастир во грузискиот регионален центар Цалка прими деца со посебни потреби.

Како што соопшти «Интерпрессньюс», организатор на „Манастирскиот ден“ кој се одржа во Тбилиси е Министерството за образование и култура на Абхазија. Машкиот манастир во Цалка го посетија 26 деца и адолесценти од разни региони на Грузија, вклучувајќи ги и внатрешно раселените лица од Абхазија, коишто имаат посебна потреба од оптимизирање на процесот на интеграција во привремените места на живеење.

Во текот на „Манастирскиот ден“ гостите на манастирската заедница имаа можност да го разгледаат комплексот и да се запознаат со животот на монасите. Потоа, децата беа вклучени во различни развојни и рехабилитациони активности за подобрување на физичката и психичката состојба.

За децата специјално беа организирани изложба на фотографии и циклус на игри за забава. Исто така, се снимија интервјуа со учесниците во програмата со цел да се проучат нивните искуства.

После завршувањето на „Манастирскиот ден“ на децата им беа врачени симболични подароци.

 



Извор: Седмица.ру