Во Светата земја се празнуваше во чест на светата рамноапостолна Марија Магдалена
 
 
 
 
 

Во Светата земја се празнуваше во чест на светата рамноапостолна Марија Магдалена (06.08.2012 18:01)

На 4 август, денот кога си спомнуваме за светата рамноапостолна Марија Магдалена, празникот се одбележа во два руски храма: во нејзиниот роден град Магдала, каде што се наоѓа седиштето на Руската духовна мисија, и во манастирот Марија Магдалена во Гетсиманија.

Седиштето на Руската духовна мисија посветено на светата рамноапостолна Марија Магдалена се наоѓа во нејзиниот роден град, во селото Магдала на брегот на Галилејското езеро. Таму на празникот, на 4 август, Божествената Литургија беше возглавена од Митрополитот Назаретски Киријак. Нему му сослужуваа секретарот на Мисијата јеромонах Антониј (Гутник) и клириците на Ерусалимската Патријаршија. После завршувањето на Литургијата се направи литија кон изворот на Марија Магдалена, каде беше отслужен молебен.

Истиот ден празникот беше одбележан и во рускиот манастир Марија Магдалена во Гетсиманија. Сеноќното бдение и Божествената Литургија беа возоглавени од Германскиот и Великобританскиот Архиепископ Марк. Од Руската духовна мисија во богослужбата учествуваше началникот на Мисијата архимандрит Исидор. После Литургијата се изврши литија околу храмот.

 

 

                    

Извор: Православие.ру