Пожарот на Света Гора е минато – се прават проценки на штетите
 
 
 
 
 

Пожарот на Света Гора е минато – се прават проценки на штетите (15.08.2012 19:18)

Пожарот на Света Гора помина. Благодарение на ноќниот дожд, саботата кон неделата, жариштата беа драстично ограничени, некои дури и целосно згаснати. Овие денови се надлетува реонот на пожарот, со цел пожарникарите да бидат сигурни дека веќе нема потреба од интервенции. Сепак, значителен број луѓе и техника остануваат да надгледуваат, бидејќи не е објавен крајот на катастрофата.

За монасите во манастирите е битно што големиот пожар не одзеде човечки животи, ниту ги зафати манастирските градби и комплекси, благодарение на интервенцијата на Пресвета Богородица, којашто е заштитничка на Света Гора, која е востановена како „Нејзина ждрепка“ и „градина на Божјата Мајка“. Во сите манастири беа извршени молебни пред ликот на Божјата Мајка, литии со Нејзина икона, засилени со искрени молитви за Нејзината помош.

Пожарот навистина беше голем тест за монасите, граѓаните, пожарникарите, туристите. Непредвидливоста на ситуацијата се зголемуваше од силниот ветер, којшто дуваше од различни насоки и ги разгоруваше речиси изгасените жаришта.

Во грчките медиуми се даваат податоци за штетите. Се проценува дека изгореле површини со шуми, ниска вегетација и насади од околу 42 илјади декари, повеќето од нив во тешкодостапните предели. Загубите од пожарот за туризмот се посебни и тие уште потешко се проценуваат. Претераните известувања на некои медиуми натераа многу од туристите да ги напуштат одмаралиштата покрај границата со Света Гора (пожарот ја зафати територијата на манастирите, но и надвор од неа), главно околу Уранополис, и тоа доведе до значителни загиби кај хотелите, рестораните и другите поврзани дејности.

Од самите монаси високо се оценува ангажираноста на грчките државни власти во борбата против огнената стихија. Лично интервенираше премиерот на нашиот јужен сосед Андонис Самарас, којшто го испрати министерот за Северна Грција Теодор Караоглу да раководи со штабот на пожарникарите. Постојано на местото беше и гувернерот (окружен управник) на Света Гора Арист Кашмироглу. Се истакнува и заслугата на 49-те српски пожарникари, но не се спомнуваат бугарските пожарникари, коишто се вклучија во ограничувањето на пожарот, макар и во последните денови.

Засега не се знае, кога ќе се објави крајот на пожарот.

 

Извор: Дверибг.нет