Книга за новокрстените на кинески јазик
 
 
 
 
 

Книга за новокрстените на кинески јазик (16.08.2012 15:06)

Објавена е книга за православната Литургија за новокрстените деца и возрасни на кинески јазик. Иван Шелоков, студент на Московската духовна академија, кој учи кинески јазик на универзитетот Јинан, ја преведе книгата „Утре е недела“, од грчката авторка Григоријада Сурели, приказна за православното семејство, кое се подготвува за неделната Литургија.

Ова издание го подготви Братството на светите апостоли Петар и Павле од Хонг Конг. На едноставен јазик, со повеќе од дваесет илустрации, во книгата се објаснува значењето на Светата Литургија и подготовката за неа. Книгата е посветена на годишнината - 300 години од Руската духовна мисија во Кина.

Извор: Светигора