Пожар на Света Гора – Чудо во руските скитови Тиваида и Крумница (19.08.2012 16:52)
Многу чуда се случуваат на Света Гора. Дури може и да се каже: чудото не е ништо ново, тоа е секојневие за локалните жителите. Но ние сакаме да кажеме за чудото, коешто пред неколку дена ги изненади дури и искусните (опитните) жители на Света Гора.
Скитот Тиваида опкружен со оган, во 3 часот ноќта
Станува збор за чудесното спасение на руските скитови Нова Тиваида и Крумница, кои се најдоа, речиси, во епицентарот на страшниот пожар. Пожарот избувна во 15:00 ч. во реонот на скитот Моноксилит. Ветрот одеднаш се засили и пламенот почна со голема брзина да се движи во сите правци, лизгајќи и качувајќи се по планинските падини и клисури.
Прв изгоре грчкиот скит Моноксилит, тоа се случи кога настапи ноќта. Скитот Нова Тиваида втор застана на патот на разбеснетата стихија. Пламенот му се приближи на скитот со голема брзина. Многу зимзелени дрвја буквално експлодираа во снопови искри, а камењата едноставно се топеа од високата температура. Ветрот фрлаше облаци од искри на големи растојанија низ воздухот.
Нова Тиваида после пожарот
Огнот се префрли на Тиваида после полноќ... Тоа се случи точно како што е опишано во Евангелието и тропарите: „ Ете Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е оној слуга кој ќе го најде буден, а недостоен, пак, оној кој ќе го најде безгрижен, затоа внимавај душо моја да не те надвладее сонот, да не бидеш предадена на смртта...“.
Браќата од скитот, кои го практикуваат отшелничкиот типик на Старецот Јосиф Исихастот, само бдееа. Потоа кога скитот беше опфатен со облак од јаглерод моноксид, браќата успејаа да се спуштат кон морето, земајќи ги со себе Светите Дарови и светите садови, и се спасија од сигурна смрт. Немаа време ни да ги изнесат иконите...
Ѕидот од пламен висок околу 15 метри од сите страни го заокружи Тиваида и одеднаш застана пред самиот скит! Потоа пламенот го заобиколи скитот и се оддалечи понатаму на ридот, оставајќи го скитот целосно неповреден. Тој фрагмент од трагедијата е прикажан на уникатната фотографија.
Кога облакот од јаглерод моноксид малку се зголеми, најхрабрите, двајцата јеромонаси, Игнатиј и Серафим, решија да останат во скитот и да се борат со огнот. Користејќи моторна пила и водоводни цевки, без здив од јаглерод моноксидот, без специјална опрема, цела ноќ го гасеа локалниот пожар во непосредна близина на ѕидовите на скитот. Утрото стана јасно дека скитот е спасен.
Истото се случи и во скитот Крумница. Ѕидот со пламен се движеше од исток, по падината од врвот надолу и дојде кај скитот, и одеднаш застана, буквално неколку метри од скитот. Огромните пламени јазици лижеа од кровот, но скитот стоеше подобно на несогорливата капина.
Едниот јазик го лижеше ѕидот. Како резултат на тоа изгоре кровот на северното крило од зградата. Тоа е прикажано на фотографијата. Олатрот на храмот, којшто беше целосно опкружен со пламен, остана целосно неповреден.
Крумница, изгорена северната страна на зградата на скитот
Останува само да додадам дека во тоа време во рускиот манастир на св. вмч. Пантелејмон се служеше празнично бдение, за славата во чест на вмч. Пантелејмон, заштитникот на руските монаси на Света Гора. Браќата се молеа за згаснување на пламенот. Што можеме да кажеме за Царицата на Света Гора, којашто невидливо управува со Света Гора? Нашиот јазик смирено молчи од благодарност пред Тој, за Којшто дури и Светото Евангелие се осмели да каже само неколку фрази.
Би сакал да завршам со тропарот на преп. Марија Египетска: „Пламенот на страстите си го изгасила, постојано ронејќи капки од солзи, Маријо...“
Крумница после пожарот
Извор: исихазам.ру