На гората Тавор се отслужи ноќна празнична богослужба (21.08.2012 14:57)
На 19 август, на празникот Преображение Господово, Неговото Блаженство Патријархот на светиот град Ерусалим и на цела Палестина Теофил III чиноначалствуваше со ноќната Божествена Литургија на гората Тавор. На Неговото Блаженство му сослужуваа ерарсите од Ерусалимската Црква: Митрополитот Востронски Тимотеј и Архиепископот Константински Аристарх, клириците на Ерусалимската Црква и свештенослужителите-поклоници од Русија, Украина и Молдавија. Од Руската духовна мисија во богослужбата учествуваше секретарот на мисијата јеромонахот Антониј (Гутник).
На Литургијата извадоците од Евангелието беа прочитани на три јазици: грчки, црковнословенски и арапски.
Извор: Православие.ру