Повторно се заостирија односите помеѓу Света Гора и грчката држава
 
 
 
 
 

Повторно се заостирија односите помеѓу Света Гора и грчката држава (21.08.2012 15:03)

Односите помеѓу светогорските монаси и грчката држава повторно се затегнаа поради „болната“ тема за оданочување на манастирскиот имот надвор од Света Гора. Пред неколку месеци на Света Гора дури и се зборуваше дека монасите ќе ја прогласат Света Гора за „ставена под прогонство“ од страна на грчката држава и неофицијално се постави ултиматум до 15 мај, кога ќе биде побарана помош од „другите православни држави“ како Русија, Србија, Бугарија и др. На вонредната седница на игумените и претставниците на 20-те манастири, којашто се одржа минатата недела, присуствуваа и двајца правници. Во донесената декларација со остар тон се постави прашањето за ослободување на недвижниот светогорски имот надвор од Света Гора од оданочувањето, со аргумент дека на тој начин, владата го крши уставот, кој предвидува дека Света Гора има автономен статус, и дека се нарушуваат правата на монашката заедница, кои се почитувани низ вековите, дури и од иноверците.

Показател за лошите односи е фактот што во декларацијата по повод големиот пожар не се изразува благодарност кон грчката влада за напорите, коишто ги направи за координацијата на акцијата за гаснење на пожарот на Света Гора, кој уништи илјадници декари шума. За сметка на тоа се изразува благодарност кон другите православни држави кои помагаа, како Србија. Според приврзаниците на цврстата линија по однос на светогорската автономија, приходите од недвижниот имот едвај стигнуваат за одржување на големите манастирски комплекси и за прием на илјадниците поклоници на Света Гора, коишто по традиција не плаќаат ништо за престојот и храната.

Следната недела се очекува заменик министерот за економија да направи „поклоничко патување“ на Света Гора, за време на кое, сепак, ќе биде дискутирано за спорната тема.

Извор: Двери.бг