Во Канзас за првпат во историјата на државата се отвори православно училиште
 
 
 
 
 

Во Канзас за првпат во историјата на државата се отвори православно училиште (23.08.2012 12:11)

Во градор Вичита, држава Канзас, се отвори првото православно училиште.

Во приватното училиште, отворено при Соборната црква Св. Георгиј, се запишаа 18 ученици. Досега има само три одделенија – од подготвително до второ.

Џенифер Себитс, претседателката на Советот на родители во училиштето, вели дека во училиштето можат да учат деца од која било вероисповед, соопштува The Wichita Eagle.

Училиштето нуди класична програма, како и програми за изучување на латинскиот и грчкиот јазик, часови по уметност, свирење на виолина итн.

Себитс кажува дека секоја година во текот на следните три години ќе биде додадено по едно одделение – образованието треба да се изведува во петолетка, вклучувајќи ја и градинката. Школарината изнесува 2500$ за година.

 

Извор: Православие.ру