Поглаварот на Руската Црква го освети храмот на Смоленската икона на Богородица во Саватиевата пустината
 
 
 
 
 

Поглаварот на Руската Црква го освети храмот на Смоленската икона на Богородица во Саватиевата пустината (23.08.2012 16:18)

На 20 август 2012 г. Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил ја посети Саватиевата пустина и Спасо-Преображенскиот Соловецки ставропијагиален машки манастир, изграден во 19 век на местото на келијата на преподобниот Саватиј Соловецки.

Поглаварот на Руската Православна Црква изврши чин на осветување на возобновената црква посветена на Смоленската икона на Божјата Мајка Одигитрија и отслужи Божествена Литургија во новоосветениот храм.

 

Саватиевата пустина се наоѓа на 15 км од Соловецкиот манастир и на 3 од Секирната гора. Нејзини основачи биле преподобните Сaватиј и Герман, кои во 1424 г. си направиле свои колиби на брегот на слатководното езеро, на помалку од еден километар од морето. Долгото (Сaватиево) езеро се наоѓа речиси под самата Секирна планина.

Подолг временски период во Сaватиевата пустина биле зачувани келиите кои си ги направиле преподобните Сaватиј и Герман. „Игуменот Филип благодарение на сопствениот подвиг ја најде... и до денешни дни достојнопочитуваната икона на Пресвета Богородица Одигитрија, којашто најпрво била донесена на Соловецкиот остров на преп. Саватиј Чудотворецот; неговиот келијски крст од камен, денес е поставен во параклисот на преп. Герман“(Летописец Соловецкий, 1836 г.). На местото на келијата на преп. Сaватиј била поставена дрвена капела, маркирана уште на првите манастирски карти на Соловецк (сега на местото каде таа се наоѓала има поклонички крст). Во 16-17 век во пустината молитвено се осамувале (подвизувале) манастирските отшелници (анахорети).

Во средината на 19 век согласно со устројството на скитскиот живот на Секирната гора бил основан Саватиевиот скит. Сите останати објекти на манастирот се изградени во 19 век. Прво била изградена камената црква во чест на Смоленската икона на Божјата Мајка Одигитрија. Црквата била градена од 1857 до 1860 г. во време на архимандритот Порфириј според проектот на архангелскиот архитект Шихларев.

Во јуни 1923 г. на Словецк пристигнале првите групи затвореници во Словецкиот камп за специјални цели. Во средината на 20-те години Саватиево станало центар на вториот оддел за политички затвореници. Во овој оддел се извршувале основните работи за влез во кампот. Во текот на зимната сеча умирале четвртина од тие кои престојувале таму, а ист е бројот на затворениците кои биле оставани загубени во шумата и биле приморани на бавна и мачна смрт.

Според зборовите на Патријархот Кирил тука престојувал и неговиот дедо, кој бил затворен заради верата во Бога. Во 1952 г. тој бил ослободен, а подоцна станал свештеник.

 

       

 

       

 

                            

 

                             

 

Извор: Православие.ру