Ерусалимскиот Патријарх беше официјален гостин во Будимпешта (24.08.2012 12:07)
Ерусалимскиот Патријарх Теофил оствари официјална посета на Будимпешта на покана на унгарската влада. Тој зеде учество во свеченостите по повод основањето на унгарската држава и националниот празник на државата – Св. Стафан. Патријархот отслужи молебен во пештерната црква на Gellért-hegy (ридот Гелерт) во присуство на Австрискиот Митрополит и егзарх на Унгарија Арсениј (Вселенска Патријаршија), официјлани лица и претставници на грчката дијаспора. На богослужбата присуствуваа и претставници на другите Православни Цркви во Унгарија.
Грчките медиуми наведуваат дека на истото место служел и Вселенскиот Патријах Вартоломеј. Молебенот беше отслужен во пештерата, бидејќи храмот „Успение на Пресвета Богородица“, изграден од грчките емигранти во 1791 г., од 1951 до денес е во сопственост на Московската Патријаршија.
Извор: Двери.бг