Во периодот од 29 до 31 октомври во Моска ќе се одржи V фестивал на православните средства за јавно информирање „Вера и збор“
 
 
 
 
 

Во периодот од 29 до 31 октомври во Моска ќе се одржи V фестивал на православните средства за јавно информирање „Вера и збор“ (25.08.2012 17:10)

Од 29 до 31 октомври 2012 г. во Москва, со благослов на Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил, ќе се одржи V јубилеен фестивал на православните средства за јавно информирање „Вера и збор“. Во рамките на фестивалот, покрај традиционалната работа по секции и церемонијата на доделување на награди, се планираат тркалезни маси, работилници, презентации на епархиските медиумски ресурси и многу повеќе.

Како што се очекуваше, на денот на официјалното затворање на фестивалот, 31 октомври, во салата на Соборниот храм „Христос Спасителот“ ќе се одржи средба со Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил со делегатите на фестивалот, коишто ќе имаат можност лично да му поставуваат прашања на Неговата Светост. Исто така, учесниците на фестивалот можат да постават прашања и на сајтот на Синодскиот информативен оддел, во делот „Постави му прашање на Патријархот Кирил“.

Со цел да се подобри ефектот на информативната работа на епархиите, во рамките на фестивалот ќе има натпревар помеѓу епархиските прес-служби во три категории: црковна фотосторија (репортажа на епархискиот фотограф), PR – поддршка на епархискиот проект (дејност), презентација на прес-службите (во форма на видео, аудио, мултимедија).

Сите деталји се достапни на сајтот на Синодскиот информативен центар, во делот „Вера и збор“.

„Вера и збор“ е меѓународен фестивал на православните средства за јавно информирање (СМИ). Постои од 2004 г., а се одржува на секои две години. Целите на фестивалот се: консолидација на црковното и светското новинарство, откривање на нови форми на соработка помеѓу Руската Православна Црква и современото општество и барање начини да се развие системот на православните медиуми.

Извор: Седмица.ру