Украинската Црква канонизира 5 новомаченици (29.08.2012 14:16)
На седницата на крајот на минатата недела Светиот Синод на Украинската Православна Црква возглавен од Киевскиот Митрополит Владимир одлучи да бидат канонизирани пет новомаченици. Во одлуката се вели дека „откако ги разгледа нивните животи, трудот, подвизите и имајќи ја предвид почитта од народот“, Светиот Синод ги прогласи за светители схииигуманија Софија (Гринева) (†1941 г.), чиј што спомен ќе се одбележува во Киевската епархија на 24 март/4 април и 28 април/11 мај. Канонизирани се и свештеникот Александар Шишан (†1921 г.) од Запорожката епархија, свештеникот Философ Зјабрев (†1937 г.), протоереј Теодосиј Станкевич (†1950 г.) и свештеник Митрофан Воздвиженски (+1938 г.) За сите се составени тропари, икони, а останките ќе им се почитуваат како мошти.
Извор: Двери.бг