Празникот на Успение на Богородица во Грузија
 
 
 
 
 

Празникот на Успение на Богородица во Грузија (30.08.2012 11:36)

Празникот Успение на Пресвета Богороица во Грузија го нарекуваат Богородична Пасха: како и во Грција, во Грузија Успението е втор најважен празник после Воскресението Христово. И не изненадува што тој ден е неработен.

Празнични служби беа отслужени во сите храмови во Грузија. Патријархот на цела Грузија Илија II отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Сиони во Тбилиси.

Поглаварот на Грузиската Црква го поздрави своето стадо, истакнувајќи дека Грузија е под заштита на Пресвета Богородица, соопшти „Грузия Online“.

„Пресвета Богородица нема да дозволи Грузија да исчезне. Многу народи и држави беа послини од нас, но денес не остана ни трага од нив. Времето ги уништи. Кога на еден човек или народ им е даден толку голем благослов, треба да знаеме и запомниме дека тоа треба да го цениме. Човекот не треба постојано да моли од Господ, Богородица и светителите, напротив, треба да благодари за таа милост, која ни ја испраќа Богородица“, рече тој.

 

Извор: Православие.ру