Во средината на септември ќе се одржи конференцијата „Оптинското старештво и руската култура“ (04.09.2012 08:36)
Конференцијата посветена на 200-годишнината од денот на рождеството на преподобниот Амвросиј Оптински ќе одржи на 13-14 септември 2012 г. во Шамордино и Козелск, соопштува сајтот на Оптинската пустина.
Научната и културната јавност излезе со иницијатива за одржување на научната конференција „Оптинското старештво и руската култура“. На неа ќе учествуваат истакнати научници, коишто го проучувале наследството на Оптинското старештво во контекст на руската историја и култура во 19-20 век.
Кон крајот од 19 век Оптинската пустина станала „духовно срце“ на православна Русија, а еден љубовен нерв, којшто го присилувал тоа срце да отчукува, бил Старецот Амвросиј – најзначајната фигура во Оптинското старештво. И сега неговото име е познато во целиот свет.
Старецот Амвросиј и браќата од Оптинската пустина вложиле огромен труд за на руски јазик да се преведат и издадат делата на аскетските писатели на древната Црква, речиси непознати во во Русија, што претставувало голем чекор во духовното просветлување на општеството. И духот на Оптинското старештво, благодарение на својата отвореност кон луѓето, особено преку смирението, духовното расудување и љубовта, принло блескави и чудесни плодови во животите на многу луѓе. Благодарение на општењето со Старците, вратата која била отворена за сите, го изменила животот и творештвото на Гогољ и Достоевски, Киреевски и Константин Леонтев, Нилус и Поселанин, Дурлин и Страхов. Во Оптинската пустина, исто така, доаѓале и писателите Тургенев, Апухтин, Лав Толстој, Владимир Соловев, кнезот Константин Романов, Ахматов и многу други.
Конференцијата ќе започне на 13 септември во 12 часот во Казанската Амвросијска женска пустина (Шамордино), а ќе продолжи на 14 септември со почеток во 9 часот во Домот на културата на Руската армија во градот Козелск.
За време на конференцијата ќе се одржи концерт на руска класична и фолклорна музика.
Влезот е слободен.
Извор: Православие.ру