„‘Несветите свети’ и други раскази“ – книга на годината во Русија
 
 
 
 
 

„‘Несветите свети’ и други раскази“ – книга на годината во Русија (07.09.2012 15:36)

На 5 септември во салата на Станиславски и Немирович-Данченко беа врачени годишните национални награди на „Книга на годината“, една од најпрестижните книжевни награди во Русија. Во номинацијата „Проза на годината“ победи книгата на архимандритот Тихон (Шевкунов) „‘Несвети свет’ и други раскази“.

На конкурсот учествуваа повеќе од илјада книги и книжевни едиции. Како резултат, после повеќемесечните спорови и сомнеж во жирито, составен е тесен избор на премии, каде за секоја од единаесетте номинации беа издвоени по тројца лауреати. Во финалната номинација „Проза на годината“, покрај книгата „‘Несвети свет’ и други раскази“, влегоа и „Гермаци“ од А. Терехов и „Танц до смртта“ од В. Попов.

Претседателот на жирито Добродјејев, објавувајќи го победникот, рече: „Горд сум и многу радосен заради можноста да му честитам на отец Тихон за заслужената награда. Не можев да замислам дека оваа книга за помалку од една година ќе собере толкав број на читатели, милион и сто илјади!“

„За мене ова е прекрасна и, морам да признаам, навистина неочекувана радост што книгата, чија главна тема е скриениот човеков пат кон Бога, е удостоена со така големо внимание и интерес од жирито и читателите“, се заблагодари отец Тихон.

Книгата „‘Несвети свет’ и други раскази“ издадена пред единаесет месеци, стана, како што тврдат медиумите, најпродавана книга од времето на Советскиот Сојуз. За тоа кратко време доживеа шест изданија и нејзиниот целосен тираж е милион и сто илјади примероци. „Несвети свети“ веќе е преведена на англиски, грчки и српски јазик, а во тек е преведувањето и на други јазици.

Извор: Православие.ру