Руската Православна Црква воведе орден свети Николај Јапонски
 
 
 
 
 

Руската Православна Црква воведе орден свети Николај Јапонски (09.09.2012 09:28)

Со одлука на светиот Синод на Руската Православна Црква од 6 септември 2012 г. воведен е орден и медалја на светиот рамноапостолен Николај, Архиепископ Јапонски, соопштува Патриархия.ru. Одлуката ја донеле членовите на светиот Синод по пат на писмена анкета.

Согласно статутот, со орденот на светиот рамноапостолен Николај Јапонски се наградуваат: архиереи, клирици, монаси и мирјани на Руската Православна Црква за мисионерско и просветителско служење, и познати државни и јавни личности за укажување помош во мсионерската и просветителската служба.

Орденските одличја, списоците на кандидатите и церемонијалните кутии за ордените  ќе се чуваат во Соборниот храм Воскресение Христово (Николај До) во Токио. Старешината на храмот ќе биде удостоен со орден на рамноапостолниот Николај, Архиепископот Јапонски, од Прв степен.

На носителите на орденот на рамноапостолниот Николај им се доверува грижата за работите на мисионерството, просветителството, преводот и издавањето на библиска и светоотечка литература на светските јазици.

Орденот и медалјата во чест на апостолот на Јапонија ќе се востановат во очи посетата на Неговата Светост Патријархот Кирил на Земјата на изгрејсонцето, која е предвидена за периодот од 14 до 18 септември.