Бугарската Црква ќе канинизира 100 убиени од комунистите заради верата
 
 
 
 
 

Бугарската Црква ќе канинизира 100 убиени од комунистите заради верата (09.09.2012 12:36)

Околу 100 луѓе ќе бидат канонизирани како великомаченици. Стаува збор за убиените од комунистите заради Христовата вера и опстојувањето на Православието во времето на атеистичкиот режим. Ова го соопшти Ловчанскиот Митрополит Гавриил, којшто е во комисијата на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква за канонизација. Бидејќи постраданите од минатиот режим се многу повеќе, а некои се исчезначи без трага и не се знае како загинале, ќе биде канонизирана и група на незнајните маченици за верата. Нивниот спомен ќе биде прославуван во еден ден, а во календарот ќе бидат означени како „свети новомаченици за верата“, објасни архиереот. Секоја епархија трага по имињата на постарданите за верата во најблиското минато, а според тоа специјана комисија, формирана од Светиот Синод, ќе започне процедура за нивна канонизација. На крајот на септември, на својата седница архиереите на Синодот ќе ги прегледаат списоците со имињата и ќе решат дали чинот на канонизирање ќе биде до крајот на оваа година, или во 2013, за да можат да бидат пронајдени повеќе православни Бугари, убиени од комунистичкиот режим поради нивната вера.

Извор: Двери.бг