Бугарскиот Патријарх Максим се наоѓа во болница
 
 
 
 
 

Бугарскиот Патријарх Максим се наоѓа во болница (11.09.2012 15:47)

Бугарскиот Патријах Максим е однесен во владината болница во Софија заради продолжување на планираното лекување, соопшти Sofia News Agency.

Според информациите на телевизијата ТВ7, Патријархот не е болен, туку минува низ планираниот третман.

Патријархот Максим, којшто во октомври минатата година наполни 97 години, бил хоспитализиран после отслужувањето на богослужбите за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Докторите велат дека единствената причина за престојот на Патријархот во болницата е неговата возраст. Тие, исто така, потсетија дека тој страда од дијабетес во последните 60 години, но и покрај тоа неговата општа состојба е добра.

Патријархот Максим се движи без туѓа помош, но под надзор на медицинските сестри.

Како што кажаа докторите, Патријархот е добар пациент, кој се труди да ги следи нивните совети.

Извор: Седмица.ру