Граѓаните на градот Киев ја поздравија Сеукраинската покајничка литија против абортусот
 
 
 
 
 

Граѓаните на градот Киев ја поздравија Сеукраинската покајничка литија против абортусот (11.09.2012 16:16)

На 7 септември граѓаните на Киев го поздравија молебенот пред иконата на Божјата Мајка „Тажна за бебињата убиени во утробата“ и се сретнаа со учесниците во Сеукраинската покајничка литија „За спасение на неродените деца и зачувување на семејните вредности“, кои дојдоа од Луганск во Задкарпатската област. После службата започна литијата низ украинскиот главен град.

На 9 септември од метро станицата „Бориспольская“ литијата се упати кон Макариевскиот храм, каде беше отслужена благодарствена служба.

Литијата, којашто започна на 14 август, се прави со благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Владимир. Учесниците во литијата ќе одат од исток на запад - од селото Белокуракино во Лаганската област до градот Берегово во Задкарпатската област, преку Киев. А потоа од север кон југ – од Чернобил до јужниот брег на Кримскиот полуостров.

На тој начин, маршрутата на покајничката литија формира крст на картата на Украина.

Извор: Православие.ру