Во Соборниот храм во Тбилиси се изврши групно крштевање на новороденчиња (12.09.2012 13:18)
На 9 септември во соборниот храм „Пресвета Троица“ во Тбилиси се одржа 24-то групно крштение на доенчиња. Патријархот на цела Грузија Илија II стана кум на 664 новороденчиња.
Да потсетиме дека претходно Патријархот на цела Грузија стана кум на 12 369 дечиња, родени во семејства, кои се венчани во црква.
Патријархот станува кум на третородените деца и на другите родени после нив.
Претходното групно крштение на доенчиња се одржа на 13 јули, а првото на 19 јануари 2008 г., соопштуваат грузиските медиуми.
Извор: Православие.ру