Во Руската Православна Црква се возобнови традицијата празникот на свети Јован Претеча да биде ден на трезноста (12.09.2012 13:31)
Празникот на свети Јован Претеча како ден на трезноста, воведен од Светиот Синод на Руската Црква во 1914 г., се возобнови во Санкт-Петребуршката епархија. Прославата се одржа на 11 септември во Ново Девјаткино, соопшти „Вода живая“.
Во храмот Преображение Господово при Ленинградскиот стационар за наркозависници се отслужи Божествена Литургија и молебен. Верниците – членови на православните братства за трезност, пациентите на клиниките и жителите на околните домови – направија литија околу комплексот на болницата.
Богослужеше заменик-раководителот на епархискиот оддел за борба против наркоманијата и алкохолизмот јереј Ефтимиј Добрјански.
„Колку лекари се обиделе, но самите не можеле да ја излечат оваа болест. Само кога човекот ќе почне да живее духовен живот, кога неговата душа се труди, тој добива сила“, рече отец Ефтимиј.
Денот на трезноста во дореволуционерната Русија се прославувал насекаде. Од 2008 г. по иницијатива на братството на свети Јован Крстител во Екатеринбург овој празник бил возобновен во епархиите на Руската Православна Црква.
Извор: Православие.ру