Во Ватопед се одбележа празникот на Чесниот Појас на Богородица
 
 
 
 
 

Во Ватопед се одбележа празникот на Чесниот Појас на Богородица (13.09.2012 13:16)

Ноќта 12 кон 13 септември 2012 г., братството на манастирот Ватопед, возоглавено од игуменот Ефрем отслужи сеноќно бдение по повод празникот на Чесниот Појас на Богородица, чиј дел се чува во манастирот.

На боголсужбата присуствуваа Месогејскиот Митрополит Николај, архимандритот Никодим, игумен на манастирот Филотеј и повеќе од 500 поклоници. Митрополитот Николај беше активен заштитник на Старецот Ефрем во времето на неговото затворање. Според Владиката Николај „ватопедската случка ја обедини Црквата“.

 

             

 

           

 

 

                                               

Извор: Седмица.ру