Со современ метод се откриени древни текстови во манастирот „Света Eкатерина“ (14.09.2012 14:55)
Монахот Јустин, библиотекар во манастирот „Света Екатерина“ на Синај, и Мајкл Б. Тот, директорот на програмата Палимпсест, отпочнаа фантастичен проект за истражување на ракописи стари од 1000 до 2000 години. Тие ќе го претстават овој проект на 12 ноември 2012 г. во Националниот архив на САД во Вашингтон. Оваа презентација ќе биде директно пренесувана преку интернет.
Отец Јустин и г. Тот ќе зборуваат за откривањето на древните текстови со помош на современите сректрални методи. Манастирот „Света Екатерина“ има многу значајна колекција на ракописи, од кои најстарите потекнуваат од 4 век. Бидејќи материјалите на кои се пишувало во тоа време биле многу ретки, се случувало оригиналните текстови да се бришат и врз нив да се испишува нов текст. Манастирската бибилиотека има голем број на вакви ракописи од кои, со помош на спектралната метода, сега може да се прочита и оригиналниот слој на текстот.
Научниците и техничките експерти соработуваат со Архиепископот Дамјан и монасите во истражувањето на богатата манастирска колекција на палимпсести.
Извор: Светигора