Се подготвува канонизацијата на внуката на Пушкин
 
 
 
 
 

Се подготвува канонизацијата на внуката на Пушкин (14.09.2012 15:04)

На 7 септември се одржа редовната седница на комисијата за канонизација на светите во Бобрујската епархија на Руската Православна Црква. Одлуката да се започне со собирање на материјали за прославената во ликот на светите Наталија Александровна Воронцова-Велјаминова, внуката на големиот поет, А.С.Пушкин, е донесена во април.

На седницата се дискутираше за житието на една од националните праведнички – грофицата Наталија Александровна Воронцова-Велјаминова. На 3 декември се навршуваат сто години од нејзиното упокојување. Житието ќе го состават соработниците на комисијата, јереј Димитриј Первиј и јереј Валентн Вајтусенко.

Училиштето за децата во селото Телуша во Бобрујската област, кое го основала грофицата, на светот му дало три свештеници и еден Епископ, кои постадале во годините на прогонот за верата во Христос. До денес во Телуша е зачуван храмот посветен на св. Никола, кој го изградила Наталија Александровна, која се одликувала со длабока вера и праведен живот.

Наталија Александровна, ќерката на постариот син на поетот, живеела во Белорусија кога нејзиниот маж П.А.Воронцов Велјаминов давајќи оставка, отпатувал заедно со своето семејство на својот имот во Вавуличи.

Наталија се упокоила во 1912 г. успевајќи во селото да изгради храм, училиште и библиотека. На некои селски девојки, Наталија Александровна и нејзиниот сопруг Павле Аркадиевич, им помогнале да го продолжат школувањето и тие станале учителки и акушерки. Гробот на Наталија се наоѓа во центарот на селото, во црквата која до денес е Поликлиника, соопштува Православие.рy.