Започна посетата на Неговата Светост Патриајхот Кирил на Јапонија (15.09.2012 22:58)
На 14 септември Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил пристигна во посета на Јапонија, по повод одбележувањето на 100-годишнината од упокојувањето на светиот рамноапостолен Николај, Архиепископот Јапонски, којашто се одбележува оваа година.
Во составот на официјалната делегација на Руската Православна Црква, која ја придружува Неговата Светост, се вклучени: Митрополитот Сарански и Мордовски Варсануфиј, раководителот на Одделот за надворешни црковни работи на Московската Патријаршија Митрополитот Волоколамски Иларион, Архиепископот Ровенски и Острожки Вартоломеј, раководителот на Административниот секретаријат на Московската Патријаршија Епископ Солнечногорски Сергеј, заменик-претседателот на ОВЦС (Оддел за надворешни црковни работи) протоереј Николај Балашов, претседателот на Синодскиот информативен оддел В.Р. Легојда, помошник-претседателот на ОВЦС протоѓаконот Владимир Назаркин, вршителот на должноста личен секретар на Патријархот М.Г. Куксов.
На аеродромот на градот Хакодате делегацијата на Руската Православна Црква ја пречека Митрополитот Токијски и на цела Јапонија Даниил, Архиепископот Сендајски Серафим, и духовништвото на Јапонската Автономна Православна Црква, претставникот на Руската Православна Црква во Токио протоереј Николај Кацјубан, амбасадорот на Руската Федерација во Јапонија Е.В. Атанасиев, генералниот конзул на Русија во Сапоро В.И. Саплин.
Патријархот срдечно го поздрави градоначалничкот на Хакодате Тосики Кудо. Обраќајќи се кон градоначалникот, Поглаварот на Руската Православна Црква зборуваше за подвигот на светиот рамноапостолен Николај, којшто можел вистински да го разбре и љуби јапонскиот народ. Паријархот ја истакна важноста на наследството на св. Николај во делот на зајакнувањето на односите меѓу народите на Русија и Јапонија.
Понатаму Светиот Владика спомна за трагичните настани од 2011 г., кога Јапонија беше погодена од природните катастрофи: земјотресите и цунамито. Меѓу зградите кои беа погодени од катастрофите, беше и православниот храм во Хакодате, во којшто беше оштетен иконостасот. Поглаварот на Руската Црква искажа задоволство во врска со тоа што во изминатата половина година успешно беа надминати последиците од земјотресот, а особено што се обнови оштетената црква.
Од своја страна, Тосики Кудо ја истакна важната улога која ја игра Православната Црква во развојот на пријателските односи меѓу двете држави.
На аеродромот, одговарајќи на прашањата на претставниците на медиумите, Неговата Светоста Патријархот Кирил повторно се наврати на апостолскиот подвиг на св. Николај Јапонски. За 50 години служба во Јапонија, светителот основал православна општина, којашто на крајот од неговиот земен живот броела повеќе од 30 000 членови, истакна Поглаварот на Руската Црква. „Една од причините за успехот на мисијата на св. Николај е вистинската себеидентификација со културата на народот на кој му проповедаше“, рече Патријархот Кирил. „Тој го љубеше овој народ, а Јапонците чувствувајќи ја неговата искреност, му одговорија со љубов, и денес ние се радуваме што Јапонската Православна Црква, добивајќи автономија од Руската Православна Црква, ја продолжува својата служба“.
Од аеродромот Поглаварот на Руската Православна Црква отиде во храмот Воскресение во градот Хакодате, најстарата православна црква во Јапонија.
Извор: Седмица.ру