Библијата преведена на чеченски јазик (26.09.2012 12:46)
Во октомври ќе излезе од печат целосно издание на Библијата на чеченски јазик, соопштува информатината служба на агенцијата Интерфакс.
Преводот е направен од руски или црковнословенски текст, со користење на изворни текстови на староеврејски и старогрчки, во соработка со Руската академија на науки, велат од Институтот за превод на Библијата.
Овој превод е работен петнаесет години. Тиражот на изданието е две илјади примероци. Чеченската целосна Библија е четврта во Русија после руската, чувашката и тувинската. Претходно на чеченски јазик биле издадени неколку старозаветни книги и Новиот Завет.
Извор: Интерфакс