Јапонскиот борач Токаши Киши стана православен
 
 
 
 
 

Јапонскиот борач Токаши Киши стана православен (28.09.2012 20:42)

На 19 септември, во храмот Св. Николај при Мисионерскиот оддел на РПЦ, со благослов на претставникот на одделот Митрополитот Белгородски и Старосколски Јован, се изврши чин на Крштение врз јапонскиот борец Токаши Киши, соопшти сајтот на  „Русской народной линии“. Неговиот пат кон Православието е интересен и поучен, и уште еднаш ни покажа дека Светиот Дух дише каде што Тој Самиот сака.

Уште за време на своето школување Токаши се занимавал со разни боречки вештини. За време на процесот на изучување на истите, тој постепено спознал дека самото познавање на техниките и методите на борба не можат да ја задоволат неговата желба да стане вистински силен. Тој почнал да размислува, од каде и кому му се дава таа сила, бидејќи таа не е, според тоа како тој чувствувал, само резултат на вежбањето. Мускулите се само спроводници на таа сила, а не и нејзин извор. Напротив, тоа доаѓа однадвор, а не од човекот. Токаши се насочил кон проучување на традиционалните источни религии, пред сѐ, будизмот и неговото учење за животот. Каде води тој пат, од каде човекот црпи сила и од каде ја добива? Тој имал многу добри учители-будисти, но Токаши не добивал јасни одговори на своите прашања. Се свртел и кон христијанството, за коешто уште на училиште читал многу книги. Но за него и христијанството претставувало следно религиозно и морално учење, коешто нуди само правила за добар живот. Тоа за него се покажало само како нешто слично на будизмот.

Но напоредно со религиозната потрага тој продолжил да се интересира за различни видови борбени и боречки вештини. Така тој наишол на системот на боречката вештина „Рябко“ од древната Русија. Таа веднаш му се покажала како необична, различна од сите претходни вештини и видови на борби. Невообичаени биле не само техниките, туку и начинот на борба. Во многу од источните вештини клучна улога игра духот на борецот, неговиот карактер; агресивноста е една од главните карактеристики на таквите борби. Имено, агресивниот дух на учесниците во таквите вештини произлегува од нивната енергија и сила. Тоа му било добро познато на Токаши и нему веднаш му станало јасно дека во „Рябко“ таквата агресивност апсолутно отсуствува. Таму ефектот на заштита бил многу голем. Тој пристигнал во Русија и почнал да посетува тренизи и заклучил дека никогаш порано меѓу боречките вештини не видел толку висока дисциплина на духот, необична издржливост и целосно отсуство на агресија кон противникот. При дружењето и вежбањето со своите руски соборци (колеги) тој почувствувал дека во него расте желбата да се запознае со нивната религија и вера. Од едноставните објаснувања на новите другари тој сфатил дека најважно во верата во Господ Исус Христос, е да се следи Неговото учење и заповедите и да се општи со Него преку Светите Тајни и молитвата.

Желбата да стане православен христијанин кај него се појавила и станала уште посилна кога после враќањето во Јапонија се запознал со учењето на Православната Црква, проучувајќи ја катихизацијата на јапонски јазик. Тој сфатил дека Бог, Кој тој го бара е Господ Исус Христос, Којшто дошол на земјата за спасение на сите, вклучувајќи го и Токаши Киши. Тој е неговиот Бог и Отец и Тој му дава сила и е Изворот на неговиот живот, како на земниот, така и на вечниот.

По неговата посета на Русија тој ја соопштил својата желба да се крсти во православната вера. Михаил Василевич Рабко, раководителот и основачот на вештината на древната Русија, му кажал на Митрополитот Јован за Токаши и неговиот стремеж да стане православен христијанин. Со благослов на Високопреосветениот Јован чинот на Крштението го извршил клирикот на храмот, ереј Влаериј Булаников. На Крштението Токаши Киши го добил името на светиот Пророк и Претеча Јован.

Треба да се истакне дека Крштението на јапонскиот борец се изврши пред посетата на Јапонија од Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија. Просветувањето на оваа земја со светата Христова вера пред 150 години го започна  св. Николај Јапонски.

Ќе се молиме и надеваме дека Светлината на Христова вера и понатаму ќе ги осветлува срцата на оние кои се далеку од Вистинскиот Бог, како во земјите на Далечниот Исток, така и во сите краишта на земјата.

 

                       

 

Извор: Православие.ру