Во Грција со посебна свеченост се прослави споменот на свети Јован Руски
 
 
 
 
 

Во Грција со посебна свеченост се прослави споменот на свети Јован Руски (03.10.2012 09:51)

На 29-30 септември 2012 г. во селото Нео Прокопио на островот Евбеја огромна толпа верници од  цела Грција се собраа за празничната богослужба во чест на св. Јован Руски, соопштува сајтот „Святая гора“.

Ова празнување е востановено во 1970 г. и е посветено на осветувањето на храмот во чест на светиот маченик во селото Нео Прокопио.

Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Халкилдски Хризостом. А откако таа заврши се одржа традиционалната литија со моштите на св. Јован Руски.

Интересно е тоа што многу поклоници дојдоа пешки од разни краеви на островот Евбеја за празникот во Нео Прокопио и опфатија растојание од неколку десетици километри.

Извор: Православие.ру