Отворена школа по византиска музика во Тирана
 
 
 
 
 

Отворена школа по византиска музика во Тирана (03.10.2012 10:08)

На 1 октомври, на денот на свети Јован Кукузел, во Тирана беше отворена првата псалитикиска школа за византиска музика на Албанската Православна Црква, соопшти „Ромфеа“. Училиштето беше осветено од Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија Анастасиј. Ова е прво музичко училиште за црковно пеење, коешто се отвора во Албанија. Во првиот клас ќе се обучуваат 13 студенти на возраст од 18 до 45 години од различни градови на земјата. Нивното обучување, престој и храна се на трошок на Албанската Црква. Предавањата се по 4 часа секој ден. Новата зграда „Тавор“ се наоѓа на високо и прекрасно место во албанската престолнина.

По осветувањето Албанскиот Архиепископ Анастасиј им се обрати на првите студенти со кратко слово истакнувајќи им ја важноста на делото на псалтите во православното богослужење и им вети дека секој ден ќе се грижи за развој на училиштето. Тој се запозна и разговараше одделно со секој од учениците, со што беше посведочен искрениот интерес на поглаварот на Албанската Црква кон нејзиниот нов мисионерски почеток за возобновување на православниот живот.

Директорот на училиштето е Теодор Пецис, ученик на Григориј Анастасиу и Ликургос Ангелопулос, едни од најпознатите современи грчки протопсалти.

 

Извор: Дверибг.нет