Бугарскиот Патријарх Максим излезе од болница (05.10.2012 08:44)
Бугарскиот Патријарх Максим излезе од софиската болницата Лозанец, каде што престојуваше подолго време заради лекување. Тој беше хоспитализиран на почетокот на август, излезе за празникот на Успение на Пресвета Богородица, и потоа се врати во болницата на строго барање на лекарите. Персоналот на болницата во почетокот на септември соопшти дека поглаварот на Бугарската Православна Црква се наоѓа во многу подобра здравствена состојба.
Патријархот Максим, кој на 4 јули 1971 година е востоличен за Патријарх, на 29 октомври ќе наполни 98 години.
Извор: Светигора