Рускиот Патријарх во посета на Светата земја
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх во посета на Светата земја (13.11.2012 10:47)

Од 9-14 ноември 2012 година, на покана на Ерусалимскиот Патријарх Теофил и Светиот Синод на Ерусалимската Патријаршија, Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил се наоѓа во посета на Светата земја.

Главно случување на посетата е поклонение на поглаварот на Руската Црква на најголемите светињи. Неговата Светост ќе го освети соборниот храм на Горненскиот манастир и водата на Јордан на местото каде што е крстен Спасителот. Освен тоа, Неговата Светост ќе се сретне со раководството на Израел, Палестинската Национална Автономија и Кралството Јордан. Во рамките на посетата ќе биде промовирана книгата на Неговата Светост „Слобода и одговорност“ на еврејски. Неговата Светост е во придружба на хорот на Сретенскиот ставропигијален манастир кој учествува во богослуженијата и одржува концерти на руската духовна музика.

 

Извор: Светигора