Архиепископот Тихон – нов поглавар на Православната Црква во Америка
 
 
 
 
 

Архиепископот Тихон – нов поглавар на Православната Црква во Америка (14.11.2012 16:10)

Архиепископот Источно-пенсилваниски г. Тихон е избран за поглавар на Православната Црква во Америка, со титула Архиепископ Вашингтонски и Митрополит Американски и Канадски. Изборот беше донесен на Сеамериканскиот собор, којшто е највисоко законодавно и управно тело на оваа Црква.

Откако стекна звање на доктор по богословие на Академијата „Свети Тихон“ во 1993 година беше поставен за предавач по Стар Завет на оваа Академија. Неговата потесна струка му се Пророците, Псалмите и другите поучни книги од Стариот Завет. На оваа Академија држеше курс за постдипломски студии со нагласок на местото на Стариот Завет во црковното богослужење и светоотечка книжевност.

Во соработка со игуменот Александар Голицин го објави делото „Жив сведок на Света Гора“, класично илустрирано дело кое го издаде Академијата „Свети Тихон“.

Во 1995 година се замонаши добивајќи го името во чест на патријархот Тихон, просветеителот на Северна Америка. Во 1998 година е воздигнат во чин игумен, а во 2000 година во архимандрит. Во декември 2002 година, Митрополитот Герман го избра за настојател на манастирот на свети Тихон.

Во епископоски чин е хиротонисан на 14 февруари 2004 година во манастирот на свети Тихон Задонски, а e востоличен за Епископ на источна Пенсилванија на 28 октомври 2005 година во соборниот храм на свети Стефан во Филаделфија.

 

Извор: http://theorthodoxchurch.info