Почина Антиохискиот патријарх Игнатиј
 
 
 
 
 

Почина Антиохискиот патријарх Игнатиј (05.12.2012 15:55)

Ноќеска во Бејрут на 92 години почина патријархот на Антиохија и целиот Исток Игнатиј IV (Хазим). Ноќва бил примен на реанимација во православната болница „Св.Георгиј“ со дијагноза мозочен удар.

Според информациите од Антиохиската Патријаршија, цитирани од Ромфеа, заупокоената служба ќе биде во Баламанд, а погребението ќе биде во Дамаск.

Патријархот Игнатиј е роден во 1920 год. во Сирија. Потекнува од арапско православно семејство. Учел филологија во Бејрут, а во 1945 година заминува во Париз, каде што студира на Православниот богословски институт „Св.Сергеј“. По враќањето во татковината ја основал познатата богословска школа „Баламанд“.

Игнатиј IV е поставен на патријаршискиот престол на 2 јули 1979 год. и станува 170-от патријарх на Антиохиската Црква. Резиденцијата на патријархот Игнатиј се наоѓаше во Дамаск. Оваа лето тој се обрати до спротиставените страни во Сирија за прекин на крвопролевањата.

Извор:  dveri.bg