Најголемиот светски атеист: Признавам, постои Бог! (05.12.2012 23:35)
Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу. Пред бројните камери овој доктор изјавил „Ја свикав оваа конференција да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.
Овој професор по филозофија на најпознатите светски универзитети е автор на бројни книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофијата“ – книга која имала бројни изданија.
Професорот Флу беше идол на сите светски атеисти, а неговите дебати со религиозните научници им бea омилена програма на атеистите ширум светот. Големиот успех на атеизмот во современиот свет доведе до формирање на бројни клубови на атеисти, а икона на секој од тие клубови беше токму доктор Флу. А тогаш се случи нешто шокантно, неочекувано…
На една дебата со еден религиозен научник, доктор Флу ги изнел познатите атеистички аргументи, а тогаш спротивната страна му поставила две прашања:
Прво прашање: „Господине Флу, јас во рацете ја држам Библијата. Каде настанала оваа книга?“
Доктор Флу одговорил: „Настанала во печатницата, секако“.
Тогаш религиозниот научник проговорил: „Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека книгата настанала во умот на писателот, а не во печатницата. Дали се согласувате?“ Флу одговорил дека се согласува.
А потоа следело второто прашање на кое доктор Флу немал одговор.
Второ прашање: „Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации, запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?“
Долготрајното молчење на Флу било шокантно за неговите атеистички симпатизери, па разговорот бил пренасочен на друга тема, а споменатото прашање останало неодговорено.
Девет месеци по дебатата доктор Флу сеуште размислувал за прашањето чиј одговор не го знаел. Неговото мото, со кое подучувал генерации студенти, гласело: „Треба да ги следите фактите без оглед на тоа каде тие ќе ве одведат“.
И така фактите го одведоа најголемиот свестски атеист до заклучокот кој го изнел пред новинарите на свиканата конференција и кој предизвикал вистински земјотрес кај поголемиот дел од научната заедница. Пред бројните камери доктор Флу изјавил:
„Дами и господа, почитувани пријатели, ја свикав оваа конференција за новинарите за да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои. Во најновото издание на мојата книга ‘Бог и филозофијата’ ќе пишува дека сите мои досегашни дела се надминати“.
Шокот бил преголем. Кога оваа вест одекнала во светските медиуми, во исто време поттикнала лавина коментари од страна на атеистите дека доктор Флу „не мислел така“, дека медиумите „лошо ја пренеле неговата изјава“ итн. Тогаш доктор Флу повторно излегол пред камери и повторно го потврдил своето јасно определување дека Бог постои и дека тоа е научен факт кој е јасен и несоборлив.
Но, знаејќи дека на овој свет постои онаа страна која агресивно ја прикажува светлоста како темнина, белото како црно, а слаткото како горко, така е продолжена агресивната кампања во бројните медиуми дека доктор Флу не изјавил дека ќе стане религиозен , туку дека „религиозните фанатици погрешно го интерпретираат“ и дека атеизмот е единствениот вистински пат во животот.
Доктор Флу тогаш седнал и напишал авобиографска книга „Признавам. Постои Бог!“ – за да го промени ставот на најортодоксните светски атеисти. Во таа книга тој го опишува своето растење во религиозно семејство, станувањето атеист под влијание на атеистичката литература и долгогодишниот труд на местото професор по филозофија на бројните светски универзитети како најборбен промотер на атеизмот во светот. А, тогаш, следи промената предизвикана од јасни научни факти.
Во својата книга доктор Флу, како маестрален филозоф и логичар, покажува дека најпознатиот светски еволуционист, доктор Ричард Докинс, потполно погрешно ги објаснил феномените во природата и го злоупотребил своето влијание како професор по биологија на универзитетот во Оксфорд. Книгата понатаму обработува и други прашања во врска со односот на науката и религијата, како и науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здравата логика и едноставното научно резонирање.
Како религиозен човек, доктор Флу цитира библиски текст и вели: „Тешко на оние кои злото го нарекуваат добро, а доброто зло, кои од мракот прават светлина, а од светлината мрак, кои од горчливото прават слатко, а од слаткото горчливо“.
Развојот на науката фрли ново светло на безбројните чуда на природата кои потврдуваат дека овој свет е создаден и дека не можел да настане случајно, како што тврди современата теорија на еволуцијата. Археологијата, геологијата, астрономијата и другите научни дисциплини покажаа дека постои потполн склад помеѓу современите научни откритија и извештаите дадени во Библијата. Творецот не само што го создал овој свет, туку и на човекот му дал јасни упатства за квалитетен и успешен живот, запишани во Библијата.
Фактот дека не постои штета која човекот може да ја предизвика а која Творецот не може да ја поправи. Вистинските религиозни луѓе, како доктор Ентони Флу, се свесни за овие факти и храбро настапуваат во одбрана на она што е вистинито и животно важно. Оној кој го создал човекот е во состојба повторно да го создаде, и по неговата смрт, а за оние кои се упорни во побуната и деструкцијата не постои ниту еден доказ кој би можел да ги покрене во позитивна насока, како што Творецот вели: „Овие можат и мртви да станат од гробовите, но нема да веруваат“.
Извор: Мирољуб Петровиќ за „Геополитика“