Вселенската Патријаршија го канонизира преподобниот Никифор Лепрозен (06.12.2012 10:29)
Светиот Синод на Константинополската Црква го вброи во диптихот на светиите преподобен Никифор Лепрозен (световно Николај Ѕанакакис). Св. Никифор се родил во критското село Сирикари. На 13 години се разболел од лепра. Во тоа време (на почетокот на 20-от век) Критјаните ги испраќале лепрозните на полуостровот Спиналонга. На 16 години болеста му станала видлива и Николај заминал за Александрија каде што продолжил да работи како бербер. Кога лепрата почнала да му се проширува по лицето и рацете еден свештеник го советувал да отиде на островот Хиос, каде што имало установа за лечење на лепрозни основана од страна на преп. Антим Вајанос.
Николај пристигнал на островот Хиос во 1914 год. на 24 годишна возраст. Таму за Николај се појавила можност за усувршување на неговите добродетели. Тој работел во градината, бил псалт во храмот и се молел деноноќно. Подоцна заради болеста го изгубил видот. Во 1965 год. лепрозните биле преместени во центарот „Св. Варвара“, во атинскиот регион Егалео. Заради безграничното трпение и љубовта кон ближните Господ му дал дар на пророштво за утеха на оние што страдаат. Оние што го познавале зборувале дека тој никогаш не нажалил ниту едно срце. Починал на 4 јануари 1964 год., од неговите мошти излегувало благоухание. Многубројни чуда коишто се случиле по неговите молитви, биле запишани од страна на еден ученик на преподобниот отец Евмениј и верниците.
Извор: Двери.бг