Мошти на свети Никола во Тајланд (07.12.2012 12:16)
Кивотот со честица од моштите на свети Никола Архиепископот Мириликиски, однесен е во Тајланд на 1 декември. По тој повод, во целото царство во православните храмови се служело молебен, соопштил за Итар-Тас претставникот на Руската Православна Црква во Тајланд, архимандритот Олег (Черепањин).
„Доаѓањето на моштите на свети Никола во Тајланд е нашиот убав сон“, рекол свештеникот. „Светителот е заштитник на патниците, и на сите наши верници на територијата на царството. Првиот храм во Тајланд е осветен во негова чест“.
„Од основањето на православната заедница во Тајланд, еве, скоро четиринаесет години, свети Никола направил многу чуда“, рекол свештеникот. „Пред сѐ, се има појавено икона која се почитува како чудотворна и благодарение на која се имаат случено многу исцеленија од тешки болести“. Кога доаѓаа тешкотии при изградбата на храмот во Тајланд, со молитви се обраќавме кон св. Никола, и секогаш ни одговараше, на чудесен начин доаѓавме до средства и луѓе кои помагаа“, признава свештеникот.
„Знаејќи дека во Русија постои кивот со мошти од свети Никола, кој со помош на формираниот Фонд постојано патуваат низ епархиите, ние побаравме барем на кратко моштите да дојдат кај нас, и со тоа што дојдоа моштите, ни е направена голема чест“ рекол отец Олег.
Кивотот со моштите свечено е дочекан на аеродромот во Суванабхуми, од каде што е пренесен во храмот на Сите светии во Патаја, каде ќе се наоѓаат три дена, а потоа моштите ќе бидат однесени во Банкок, по повод полагањето на камен-темелник на нов православен храм посветен на свети Никола.
Извор: Радиот Светигора