Во руската армија наскоро 1000 свештеници
 
 
 
 
 

Во руската армија наскоро 1000 свештеници (12.12.2012 12:02)

Новиот министер за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, на средбата со Рускиот патријарх Кирил вети дека ќе ја поддржи Руската Православна Црква.

 

На прв поглед тоа звучи како учтива фраза, но – не е! Зад неа стои одлуката на воениот врв да се зголеми бројот на воените свештеници во Вооружените сили на Р.Ф., од 240 на 1000, односно четири пати повеќе од претходно.

 

„Во секој воен гарнизон треба да има свештеник. Таква е концепцијата. Претходниот министер за одбрана, Анатолиј Сердјуков имаше намера да вработи само 240 свештеници“ – откри еден од учесниците на средбата меѓу воениот министер и Рускиот Патријарх.

 

Началникот на управата на Министерството за одбрана и претставник за работа со верниците во војската, Борис Лукичев, потврди дека се постигнати договори за забрзување на активностите околу создавањето на институции за армиските свештеници, но одби да прецизира за колкав број станува збор. 

 

„Системот ќе се развива долго. Засега имаме вработено само една мала структура, но се надеваме дека таа ќе се развива и понатаму, во согласност со порастот на работата на воените духовници“ – објасни Лукичев. Тој нагласи дека комплетирањето на задолженијата не е цел сама за себе. „Најважно ни е да одбереме добар кадар за да не ја уништиме идејата. Со таа работа се занимаваме полека и смирено. Но, важно ни е, ако веќе сме го избрале човекот, тогаш и да го поставиме. Порано имаше проблеми – именувањата беа непосакувани“ – нагласи Лукичев. Тој вели дека свештеникот во армијата ги подига моралот и духовноста. Притоа, тој не дејствува како замена за воените психолози и воспитувачи, но „на свое ниво“ помага да се решат многу проблеми, вклучувајќи ги социјалните и психолошките. „Свештеникот ѝ е многу потребен на армијата. Тој е утеха на војникот, а на старешината помошник“ – заклучува Лукичев. 

 

Извор: svetosavlje.org