Избран новиот Антиохиски Патријарх (17.12.2012 17:27)
Светиот Архиерејски Синод на Антиохиската Патријаршија го избра новиот Патријарх на Антиохија и целиот Исток – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот средноевропски г. Јован (Јазигија).
Новиот патријарх е роден во 1955 година во Сирија. Богословскиот факултет во Баламанд го завршил во 1978 год. Ја восовршил литургијата и византиската музика во Солун од 1978 до 1982 год. Од 1982 год. е професор по литургика на Универзитетот во Баламанд, каде што во периодот од 2001 до 2005 год. ја вршел должноста декан на Богословскиот институт „свети Јован Дамаскин“ во Триполи. Пред изборот за Митрополит средноевропски во 2008 година, ја носел титулата епископ на Пирга.