Во Витлеем се очекуваат 300 илјади поклоници (06.01.2013 10:34)
Десетици илјади туристи и поклоници овие денови престојуваат во Светата Земја. Како што очекуваат од палестинското Министерство за туризам до 20 јануари би требало само Витлеем да го посетат околку 300 илјади гости.
Сите места во локалните хотели, кој што ги има скоро педесет, се резервирани. Освен тоа, многумина од поклониците се имат сместено во соседниот Ерусалим и во дргите израелски градови. После долгата пауза, во првите години на новиот милениум, Светата Земја доживува вистински туристички бум, секоја година бројот на странските туристи го надминува рекордот не само во Израел, туку и на западниот брег на реката Јордан. Првите десет месеци оваа година бројот на туристи што ја имаат посетено палестинската теритиорија е скоро 1,2 милиони гости, што е за десет проценти повеќе од претходната година во истиот период.
Поради Божикните празници израелските власти вовеле повеќе олеснувања за палестинските христијани, како и за безбедносните мерки за слободен пристап на странските туристи до светите места.
На западниот брег ќе бидат пропуштени 500 христијани од појасот Газа со одредена старост, а за жителите на западниот брег ќе бидат организирани екскурзии до светите места на израелската територија. Покрај тоа, 20 илјади Палестинци ќе добијат дозвола за посета на своите роднини во Израел.
Извор: Светигора