Игуменот на манастирот Ватопед на Света Гора му го честита празникот Рождество Христово на Поглаварот на Руската Црква
 
 
 
 
 

Игуменот на манастирот Ватопед на Света Гора му го честита празникот Рождество Христово на Поглаварот на Руската Црква (15.01.2013 13:48)

Игуменот на манастирот Ватопед на Света Гора, архимандрит Ефрем, му го честиташе празникот Рождество Христово на Поглаварот на Руската Црква. Подолу следува текстот од посланието на Ватопедскиот манастир до Неговата Светост, Московскиот Патријарх и на цела Русија, Кирил.

„Ваша Светост!

‘Слава на Бога во висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја’.

Со овие зборови, исполнети со небесна радост и мир во Христа, и со оваа манастирска повелба (грамота) ја поздравувам Вашата Светост, заедно со молитвените желби во чест на мироспасителниот празник Рождество на Богочовекот.

Од Неговиот мир има потреба денешнава вселена – од свет, не како отсуство на војни, туку како присуство на Мироначалникот Христос. Луѓе се оддалечуваат од Божјите заповеди и прават грев, го губат живиот разговор со Заповедникот, Којшто е скриен во Своите заповеди, и подлегнуваат на влијанието на таткото на лагата и гревот. Последицата од тоа е живот без Бога – општ смут, депресии, сите видови на растројства, омраза, војни, оладена љубов.

Сите ние, православните христијани, особено во овие тешки времиња за целиот свет, повикани сме да бидеме „светлина и сол на земјата“. Од една страна, со нашите молитви, постите, бденијата, добрите дела, ние сме должни да внимаваме на праведниот Божји гнев, а од друга страна, да даваме добар пример за вистината во Христовиот живот на сите наши собраќа, кај коишто сѐ уште не светнал Источникот.

Го молам родениот од Дева Младенец, да ѝ го подари на Вашата Светост Својот мир, којшто го надминува секој ум, и, да ги услиша Вашите молитви за Божјиот народ, да ги помилува Своите чеда. Новата година нека биде за сите година на покајние и добри дела.

На крајот, смирено ја повикуваме врз Вас благодатта на Сечесниот Свет Појас на Божјата Мајка, за Таа да Ве укрепува во службата на Црквата и Старештвото, и ги просиме Вашите Првосветителски молитви.

 

                                                                   Игумен на светата и чесна велика обител Ватопед

                                                                                                                 архименрит Ефрем

                                                                                                   со многуте во Христа браќа.“

 

Извор: Патриархиа.ру