На архипелагот Фиџи ќе биде изграден православен храм
 
 
 
 
 

На архипелагот Фиџи ќе биде изграден православен храм (16.01.2013 14:24)

Грчкото братство за православната надворешна мисија се обрати до верниците да ја помогнат изградбата на првиот православен храм на островите Фиџи, соопштува агенцијата „Амен“.

 

Земјиштето за храмот братството го купило во Лаутока, на најголемиот остров Вити-Леву.

 

Храмот ќе биде осветен во чест на Света Троица, и покрај него ќе биде подигнато сиропиталиште и православно училиште. Се проценува дека изградбата на сето тоа ќе чини околку 188 илјади евра.

 

Православната општина на архипелагот Фиџи влегува во јурисдикција на Новозеландската митрополија, Константинополска Патријаршија. 64% од жителите на островот се христијани, од кои повеќето (35%) се методисти.

 

Извор: Светигора