На Водокрст во Узбекистан се освети православен храм
 
 
 
 
 

На Водокрст во Узбекистан се освети православен храм (21.01.2013 16:51)

Во Узбекистанскиот град Ургенч се изгради православен храм. „Првпат во историјата на градот Ургенч светнаа златните куполи, овенчани со големи православни крстови“, соопшти прес-службата на Ташкентската и Узбекистанска епархија.

Воочи празникот Богојавление претставникот на Средноазискиот митрополитски округ отслужи чин на осветување на крстовите и куполата над подигнатиот храм, во чест на светиот праведен Јов Многустрадалниот, во градот Ургенч.

Како што е соопштено, во ноември 2012 г. во Ташкент се одржани свечености посветени на 140-годишнината на Руската Православна Црква во регионот.

Извор: Светигора