Во Варна изложба на икони од сестрите од Клисурскиот манастир
 
 
 
 
 

Во Варна изложба на икони од сестрите од Клисурскиот манастир (25.01.2013 12:55)

По повод 175-годишнината на храмот „Св. Атанасиј“ во градот Варна беше поставена изложба на икони, насликани од монахињите од Клисурската света обител во близина на градот Вршец. Ова го изјави игуменијата на манастирот сестра Таиса и додаде дека во изложбата се вклучени 55 икони. Ова е првата самостојна изложба на сестрите. Таа е остварена по покана на старешината на храмот во Варна отец Дончо Александров и со благослов на двата Митрополити – Видинскиот Дометијан и Варненскиот и Великопреславски Кирил. Пред ова монахињите ги изложија своите икони во Македонија, Србија и Грција.

Игуменијата Таиса раскажа дека таа и монахињите од Клисурскиот манастир ги сликаат иконите според традицијата на Охридската иконописна школа во Македонија. Техниката е создадена во 9 век. Зачуваните низ вековите икони изгледаат како да се насликани сега и нема потреба да бидат реставрирани, објасни игуменијата. Времето, неопходно за создавањето на една икона, зависи од нејзината големина. Изобразувањето на формат А4 може да биде насликано најмалку за 3 месеци. Игуменијата на Клисурскиот манастир раскажа дека сестрите ги насликале иконите за иконостасот на црквата „Св. Јован Рилски“ во софискиот кварт „Бојана“. Нивните икони се дел и од други цркви во земјата. Во Клисурската света обител живеат 6 монахињи и 3 искушенички. Од нив не сликаат сите, затоа што за тоа треба да имаш талент, вели сестра Таиса. Таа додаде дека оние кои не можат да сликаат помагаат во подготовката на даските, позлатата и другите материјали, неопходни за изработка на иконите.

Извор: Двери.бг