„Светоотечкото Предание на монашкиот живот во модерниот свет“ – конференција во Новоспасенскиот манастир во Москва
 
 
 
 
 

„Светоотечкото Предание на монашкиот живот во модерниот свет“ – конференција во Новоспасенскиот манастир во Москва (26.01.2013 14:34)

На 25 јануари 2013 г. во Москва во Новоспасенскиот манастир во рамките на XXI Меѓународни Божикни образовни читања беше организирана секцијата „Светоотечкото Предание на монашкиот живот во модерниот свет“, во која беа вклучени општа пленарна седница, конференција во два дела и три дискусии на „тркалезни маси“.

Во секцијата земаа учество архиереи од Руската Православна Црква од Русија, Украина, Белорусија, Молдавија, а исто така и игумени на манастирите, соопшти прес-службата на Новоспасенскиот манастир. Посебно треба да се истакне учеството на гостите од Света Гора, Грција, Франција, кои настапија со реферати за тоа колку е значаен духовниот опит на братските Цркви за „збогатување“ на руското монаштво.

За време на собранијата се слушнаа дискусии и излагања за најактуелните прашања од современиот монашки живот, идентификувајќи ги најгорливите проблеми, а беа изложени примери од живиот монашки опит.

Како резултат на интензивната работа која се одржа во духот на братската љубов и меѓусебното разбирање, се формулираа следниве заклучоци:

1.     Главната дејност на монасите е молитвата за светот, а целта на монашкиот живот треба да биде обожувањето. Тоа ќе се отвари преку обезбедување на најважните услови за внатрешниот живот во манастирот:

а) Исполнување на монашките завети;

б) Духовен раководител... итн.

- Сите овие аспекти се опфатени во предложениот Правилник за манастирите и монасите.

2.     Главна дејност на манастирите во општеството е поучувањето и катехизисот:

а) Проповед;

б) Исповед;

в) Гостопримство... итн.

3.   Во духовна и материјална криза манастирот треба да им помогне на најранливите членови на општеството...

На крајот од работата беше очигледна неопходноста за продолжување на разговорите по прашањата и проблемите за устројување на внатрешниот живот на манастирите и нивните општествени служби, која ќе се оствари преку соодветни средби меѓу игумените на манастирите.

Извор: Православие.ру