Православните и оваа година учествуваа во вашингтонскиот Марш за живот
 
 
 
 
 

Православните и оваа година учествуваа во вашингтонскиот Марш за живот (30.01.2013 11:53)

Архиереите, свештенството и студентите при Православната Црква во Америка учествуваа во овогодинешниот Марш за живот, одржан во петокот на 25 јануари во Вашингтон.

Митрополитот Тихон со повеќе архиереи ги предводеше верниците во маршот кој секоја година се одржува на денот посветен на легализацијата на абортусот во САД.

Меѓу присутните беа и учениците на Богословијата „Св. Тихон“ од Пенсилванија и Богословијата „Св. Владимир“ од Њујорк, кои со останатите пееја тропари и носеа икони, сведочејќи за светиот живот.

Ноќта во очи Маршот во вашингтонскиот храм „Св. Никола“ Митрополитот Тихон отслужи Вечерна служба.

„Православните со децении учествуваат во Маршот за живот“, рече протоерејот Џон Ковалцик, еден од организаторите за православното присуство на овогодинешното собирање. „Присуството на нашите архиереи, свештеници, студенти и верници – посебно младите од нашата Црква – сведочи за светиот дар на животот, кој и понатаму се загрозува во нашата земја“, изјави тој.

Извор: Светигора